ИД им се закани на Обама, Јордан, Јапонија и европските држави

Од:

Припадниците на Исламска држава денеска емитуваа три нови видео-снимки, во кои се закануваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, но упатија и директна закана дека ќе го обезглават американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, јави телевизијата „Фокус њуз“.

Во едната видео-снимка тројца борци на ИД стојат над клекнат курдски борец кој му порачува на Обама дека ќе оди во САД.

– Обама знај дека ќе дојдеме во Белата куќа и таму ќе ти ја отсечеме главата, вели борецот.

Екстремистите исто така ги предупредуваат и евроските држави Франција и Белгија дека ќе извршуваат напади со автомобили-бомби.

Во посебна порака ИД се заканува дека ќе ги убијат јапонскиот заложник и јорданскиот пилот ако за помалку од 24 часа не ја ослободат терористката Саџиде ал Ришави од јордански затвор. 

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе за видео-снимката на ИД изјави дека е „достојна за презир“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД