ИД демантира дека претрпела загуби при американскиот воздушен напад во Авганистан

Од:

Џихадистичката група Исламска држава демантираше денеска дека претрпела било каква загуба при нападот со мегабомба, извршен од американските воено воздухопловни сили врз позиции во авганистанската провинција Нангархар.

Како што се наведува во соопштението на ИД, објавено на социјалните мрежи, џихадистичката група ги отфрла тврдењата дека било кој нејзин припадник е убиен или повреден во американскиот напад.

Претходно, авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку 36 џихадисти од Исламска држава се ликвидирани вчера во источен Авганистан во напад со супермоќна бомба, извршен од американските воено воздухопловни сили.

Американски авиони МС-130 вчера извршија напад врз подземен комплекс од тунели и пештери на локален огранок на ИД во Ачин, во провинцијата Нангархар, користејќи првпат во борбите авијациска бомба, која во армијата на САД е позната како „мајка на сите бомби“.

Бомбата ГБУ-43 е со тежина од десет илјади килограми и експлозивна моќ од 11 тони еквивалент на тротил.

Според соопштението на авганистанското МО, во нападот не настрадал ниту еден цивил, а во него е уништена единственото базата на ИД.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан