И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Од:

Францускиот град Ница ќе воведе забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавни места, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска властите на тој град.

Шефот на регионот Приморски Алпи на прес-конференција објави дека баровите ќе бидат затворени од 30 минути после полноќ до шест наутро, а продажбата на алкохол ќе биде забранета по 20 часот.

Исто така, се воведува и забрана за собирање на повеќе од 1.000 луѓе на големи јавни настани, наместо досегашните 5.000.

Вчера во Франција беа регистрирани рекордни 10.593 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано