И британската полиција сака да користи орли против дроновите

Од:

Британската Метрополитен полиција потврди дека ја испитува можноста за користење на „тренирани“ орли за пресретнување и „ловење“ дронови, за кои се стравува дека би можеле да се користат за криминални цели.

Интересот на полицијата од Лондон е засилен по успешните тестови што веќе ги имаат направено холандските полицајци.

Беспилотните летала, што се контролираат од далечина, веќе се користат од британската полициија, за да се „ловат“ снимки од тешко достапни терени.

Безбедносни експерти предупредуваат дека дроновите може да се користат од криминалците, но и од терористите за изведување бомбашки напади.

Министерството за правда открива дека во ноември минатата година, полицијата во реонот на Манчестер забележила дека еден дрон бил користен за илегално префрлање дрога, мобилни телефони и СИМ картички.

Во минатата година се регистрирани и девет обиди за да се употребат дронови (од криминалци) над затворите во Англија и Велс.

Во јануари годинава, британската полиција има забележано четири „опасни“ инциденти со дронови, кои оперирале во близината на аеродроми.

Експертите од Метрополитен полицијата веруваат дека орлите брзо се обучуваат за да ги „ловат“ дроновите, а потоа и да ги урнат на земјата.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он