Хусеин: Израел да стави крај на окупацијата на палестинските територии

Од:

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Зеид Рад Ал Хусеин го повика денеска Израел да стави крај на окупацијата на палестинските територии, наведувајќи дека од тоа двете страни би имале корист.

При отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН, што ќе трае три недели, Хусеин нагласи дека палестинскиот народ страда веќе половина век под окупацијата, што ја вовеле воените сили.

Тој истакна дека Израелците, исто така, не заслужуваат да бидат изложени на насилство.

– Доколку се задржи окупацијата и двата народи ќе бидат изложени на продолжението на огромната болка, потенцираше Хусеин.

Израел, по победата во Шестдневната војна со соседните држави – Египет, Јордан, Сирија и Ирак, ги окупираше Појасот Газа, Западниот Брег, Голанската Висорамнина и Синајскиот Полуостров.

Израелската војска го напуштуи Синајскиот Полуостров во 1982 година, Појасот Газа во 2005 година, додека Западниот Брег и Голанската Висорамнина се се уште под нејзина јурисдикција.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски