Хуманитарните агенции бараат 550 милиони долари помош за мигрантите во јужна Европа

Од:

Високиот комесаријат на ОН за бегалци и над 60 други хуманитарни агенции соопштија дека годинава ќе имаат потреба од 550 милиони долари за да можат им помагнат на мигрантите и бегалците во јужна Европа, пренесе ДПА.

– Половина од овие средства ќе отидат во Грција од каде во текот на минатата година влегоа 850.000 мигранти од вкупно над еден милион пристигнати во Европа, посочи портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Ејдријан Едвардс.

Планот, што е разработен од хуманитарните организации, исто така, се фокусира на ситуацијата во Турција, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

Главната цел на планот е да се обезбедат засолништа, вода, здравствени услуги и заштита во прифатните центри.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море