Хуманитарниот брод „Викинг на океанот“ доби дозвола да вплови во Лампедуза

Од:

Хуманитарниот брод „Викинг на океанот“, на кој се наоѓаат 82 мигранти денеска доби дозвола да вплови во пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза. Екипажот на бродот наведе дека италијанските власти им дале такви инструкции.

-Викинг на океанот“ со денови апелираше да му се овозможи да пристапи до некое пристаниште. Со бродот управуваат организациите Лекари без граници и СОС Медитеран.

Не се знае дали денешната дозвола значи дека новата италијанска Влада ја омекнува мигрантската политика. Претходната владеачка коалиција им забрани на хуманитарните бродови да носат мигранти во Италија.

Мигрантите на бродот беа извлечени од шверцерски чамци на 8 и на 9 септември во водите на Медитеранот. Една бремена жена пред пораѓање и нејзиниот сопруг претходно неделава добија дозвола да го напуштат бродот и беа префрлени на Малта.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години