Хуманитарни агенции меѓу кои и Детскиот фонд на ОН (Уницеф) се збогатуваат од фондовите наменети за помош на бегалците во Нигерија, кои се принудени да ги напуштат домовите заради исламистичката група Боко Харам. Тоа го изјави синоќа гувернерот на северноисточната нигериска држава Борно.
Критиките следуваат по декемвриските обвиненија на претседателот Махамаду Бухари дека ОН и приватни агенции намерно ги зголемуваат проценките за хуманитарната криза за да соберат повеќе средства.
Во декември ОН повика за собирање милијарда долари со предупредување дека 5,1 милиони луѓе гладуваат, а десетици илјади деца ќе ги загубат животите оваа година без неопходната помош.
– Некои луѓе заработуваат на агонијата на нашиот народ, изјави синоќа гувернерот Кашим Шетима пред пратеници и новинари во главниот град на Борно, Мајдугури. – Луѓето кои сакаат да помогнат се одбредојдени. Но, тие кои се тука само за да не искористат може да си одат. Немаме потреба од нив бидејќи се тука само за да профитираат, изјави тој.
Шетима нагласи дека само осум од 126 регистрирани агенции „работат добро“. Тој ги обвини конкретно Уницеф дека злоупотребиле средства купувајќи блиндирани автомобили.