ХСБЦ ќе и плати на Белгија речиси 300 милиони евра поради обвинувања за даночни измами

Од:

Швајцарска филијала на ХСБЦ банка се согласи во Белгија да плати речиси 300 милиони евра за да ја затвори постапката поради даночни измами и перење пари, објавија белгиски обвинители.

Според нив, во 2014 година ХСБЦ помогнала и поттикнала даночна измама со основање офшор компании во Панама и други даночни оази на Кариби за богати белгиски клиенти со цел перење пари. Се проценува дека станува збор за неколку милијарди долари.

Банката се согласи да исплати 294,4 милиони евра на белгиската држава поради загуби за даночни приходи од илегалните активности. Банката спровела и реформа на својата пракса за да намали ризици од финансиски криминал по обвинувањата, наведоа обвинителите.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски