ХРВ: Се зголемува бројот на цивилните жртви во југоисточна Турција

Од:

Бројот на цивилните жртви во југоисточна Турција изнесува над 100 лица и тој може да се зголемува доколку турските безбедносни сили итно не прекинат со употреба на прекумерна сила врз курдското население во тој дел на земјата, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајст воч (ХРВ).

Организацијата бара да се спроведе истрага во врска со смртните случаи и повредените лица за време на операциите на турските безбедносни сили.

– Прикривањето на она што се случува во регионот, кој е населен со курдско население, само ќе го потврди мислењето на широката јавност дека при полициските или воените операции врз курдските вооружени групи нема ниту граници, ниту закони, пишува во соопштението на ХРВ.

Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, започна бунт во 1984 година, во кој досега животот го загубија повеќе од 40.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска