ХРВ: Либиските спротивставени групи извршиле кршење на човековите права, еднакви на воени злосторства

Од:

Спротивставените либиски милиции извршиле кршење на човековите права, кои се еднакви во некои случаи на воени злосторства, се наведува во денеска објавениот извештај на организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

Милициите од западниот либиски град Мисрата пред две недели презеде контрола врз либискиот главен град Триполи, протерувајќи ја конкурентската милиција од градот Зинтан.

Потоа борците од милициите од Мисрата започнале со грабежи на имотите на луѓето и нивно палење, се додава во извештајот.

За време на судирите за контрола врз Триполи, спротивставените групи земале заложници, чија судбина е непозната.

Западот и соседните земји на Либија се зачудени од случувањата во оваа земја, каде бунтовниците, кои пред три години го соборија од власт Муамер Гадафи, сега се борат едни против други за преземање контрола врз големите либиски енергетски ресурси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски