ХРВ: Либија зафатена од бран политички убиства

Од:

Во бранот политички убиства во Либија загинаа 51 човек бидејќи земјата нема ефикасен систем за спроведување на законот, соопшти денеска организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

Во соопштението се истакнува дека либиските власти се уште не ги имаат уапсено осомничените за убиствата, а меѓужртвите има политички активисти, судии и припадници на безбедносните сили.

Организацијата за заштита на човековите права наведува дека убиствата се извршени во околината на источните градови Бенгази и Дарна и оти немало истрага за нив, ниту властите ги испитале очевидците.

– Отсуството на истрага покажува дека Владата не може да изгради функционален правосуден систем, се посочува во соопштението на ХРВ.

Се уште никој нема преземено одговорност за политичките убиства. Либија се обидува да ги обнови своите безбедносни агенции од граѓанската војна во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски