Христијаните најбројни верници во светот

Од:

Христијаните се најбројната верска група во светот и вкупно ги има 2,2 милијарди, покажуваат резултатите од истражувањето  што денеска го објави Форумот за вера и јавен живот на Истражувачкиот центар „Пју“.

Врз основа на собраните податоци за бројната состојба и географската распределеност на осумте главни верски групи, вклучувајќи ги и атеистите, „Пју“ заклучил дека христијаните сочинуваат 32 отсто од светската популација, пренесуваат француските медиуми.

Муслиманите, кои во светот ги има 1,6 милијарди, претставуваат втората најголема верска група на глобално ниво, додека хиндусите се трета најбројна група во светот со околу милијарда припадници, а зад нив се будистите (500 милиони) и Евреите (14 милиони).

Според резултатите на најновата демографска студија, со која беа опфатени повеќе од 230 земји и територии во светот, околу 5,8 милијарди луѓе се идентификуваат со некоја верска група, а повеќе од 400 милиони луѓе спроведуваат различни народни обичаи и традиции.

Би можело да ве интересира

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Жарко Настоски

Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Ана Ололовска

Рекорден број Германци лани ги напуштиле Протестантската и Католичката црква

Жарко Настоски

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он

ВИДЕО: Во Чеченија отворена најголемата џамија во Европа

Ана Ололовска