Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика муслиманските лидери во земјата да прифатат своевидна Повелба на вредности што во иднина ќе се почитуваат, а со која Исламот се дефинира како аполитичка религија.

Би-Би-Си пренесе дека тој на вчерашната средба со исламските лидери на Францускиот совет на муслиманската вера им дал рок од 15 дена да ја прифатат повелбата, во која тие би прифатиле дека Исламот е религија, а не политичко движење.

Исто така, во повелбата се наведувало дека е забрането „странско мешање“ со муслиманските групи во Франција, како и обврската за почитување на вредностите на Републиката.

Макрон, исто така, предложил и формирање Национален совет на имами.

Оваа иницијатива и своевиден ултиматум се случува по трите напади од радикални исламисти што се случија во последниот месец во Франција.

Макрон најави и нови мерки во борбата против, како што во повеќе наврати го нарекува, „исламистичкиот сепаратизам“ во Франција.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени