Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Од:

Должноста на братството бара секој да се откаже од одредени права, изјави Мохамед Мусауи, претседател на Францускиот совет на муслиманската вера, тој, „не сака“ кариктатурите со Мухамед повторно да бидат прикажани во училиштата.

– Не мислам дека ова е вистинското решение за да се научат децата за слободата на изразување. Не сакам. Постојат и други начини на објаснување на меѓусебното почитување, почитувањето слободите на едни и други. На таа возраст, мора да ги почитувате чувствата на овие деца. Должноста на братството бара сите да се откажеме од одредени права за братството да завладее во нашата земја, изјави Мохамед Мусауи во интервјуто за радиото Франсифо.

Француско-мароканскиот академик, исто така, се наврати на неговиот разговор со Емануел Макрон, кој се одржа во понеделникот во Елисејската палата во контекст на бојкот на француски производи од повеќе муслимански земји.

– Не кажа (Емануел Макрон) дека е потребно да се продолжи со објавување на овие карикатури. Тој рече: „Нема да се откажеме од караикатурите“. Не е сосема исто. Лично, тој не е за објавување на карикатурите насекаде. Тој не го охрабрува објавувањето на овие карикатури, додаде Мусауи.

– Законот им дозволува на карикатуристи да цртаат, но истото право им овозможува на муслиманите да не ги сакаат овие карикатури, дури и да ги мразат. Но, ништо не може да се оправда убивањето на или да му се наштети на човек кој карикатурира, истакна претседателот Францускиот совет на муслиманската вера, кој исто така повика на „слушање на чувствата на муслиманите“.

Запрашан за најавеното распуштање на Колективот против исламофобијата во Франција, претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера изјави „дека им верува на институциите што гарантираат владеење на правото“, признавајќи дека „ ги нема сите елементи за да си донесе мислење за ова здружение “. „Како и сите здруженија, и тоа има право на жалба“, рече тој, притоа признавајќи дека не „ги споделува сите негови методи“.

Изјавите на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан за халал или кошер храната во супермаркетите, Мохамед Мусауи ја квалификуваше како „несмасна“.

– Непријатно е да се користи тој израз во клима кога зборуваме за тероризам. Тоа е верска слобода што мора да се почитува. Јас го почитувам гледиштето на министерот, но сакам да кажам дека мора да бидеме многу внимателни за јазикот што го користиме. Некои, од својот израз, можат да направат врска помеѓу религиозната практика и другите екстремистички манифестации за кои нема место, наведе Мусауи.

Тој притоа ги отфрли обвинувањата за исламофобија против Франција.

– Постојат антимуслимански акти, штетна клима, но да се каже дека Франција е исламофобична земја, тоа е претерано и тоа не го прифаќаме. Муслиманите во Франција не се прогонети, тие слободно го живеат, посочи Мусауи.

Паралелно со објавувањето на ова интервју, Францускиот совет на муслиманската вера сподели неколку твитови во кои се потврдува дека „Муслиманите мора да го земат примерот на пророкот и да ги игнорираат провокациите од каде и да доаѓаат. Слободата за карикатура како и другите слободи не е апсолутна. Таа мора да биде рамка и пропорционална на императивите на јавниот ред и должноста на братството“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано