Хозе Мухика: Мојата „Буба“ не е на продажба

Од:

Синиот „Фолксваген“ од 1987 година на уругвајскиот претседател Хозе Мухика за кој еден саудиски шеик неодамна понуди милиони долари, сепак не е на проджаба.

– Никогаш не би смееле да го продадеме, бидејќи со тоа би ги навредиле сите пријатели кои ни помогнаа да го купиме, изјави Мухика, кој е познат како „најскромен лидер на светот“.

Сината „Буба“, за која Мухика на времето платил 3.000 долари, стана симбол на скромниот начин на живеење на уругвајскиот претседател, кој речиси целата своја плата ја дава во добротворни цели.

– Не знам дали еден ден „Бубата“ ќе биде продадена, но сега сум сигурен дека се додека сум жив таа ќе спие во мојата гаража, изјави Мухика за едно локално радио.

Саудискиот шеик ја даде милионската понуда за „Фолксвагенот“ на Мухика на самитот на Г77+ на почетокот на годинава во Санта Круз во Боливија. Но, тоа не беше првпат некој да пројави интерес за автомобилот на Мухика. Лани во септември мексиканскиот амбасадор во Уругвај, Фелипе Енрикес му пониди на Мухика да ја замени „Бубата“ за 10 теренски возила.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај