Хованец: Треба да се обезбедат надворешните граници на Шенгенот, а не да се затвораат границите пред миграциските бранови

Од:

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец смета дека Чешка во наредните месеци може да се соочи со големи миграциски бранови од Србија и Унгарија, каде Европа ја потценила ситуацијата, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се плашам дека ние сме во ситуација кога Унгарија ќе колабира и ќе ги отвори браните, Словачка нема да биде во можност сето тоа да го совлада, вели Хованец во интервју за весникот „Млада Фронта Днес”.

Тој додаде дека во Србија и Унгарија има до 250.000 бегалци кои сакаат да дојдат до Германија и тој смета дека тој миграциски бран ја загрозува Чешка.

– Кога ќе погледнете во Турција, во Курдистан имате неколку милиони луѓе кои бараат нов дом. Ова е најсериозната бегалска криза од Втората светска војна наваму, рече Хованец.

Министерот за внатрешни работи на Чешка, тврди дека земјата е подготвена, доколку има потреба освен полицијата да ја употреби Армијата и обезбедувањето на затворските служби, како и да го зголеми бројот на објекти кои ќе послужат како бегалски кампови.

Хованец оцени дека решение на бегалската криза не се ниту обврзувачките квоти за примање на бегалци во европските земји, ниту затворањето на државните граници.

– Најглавно е да ги браниме надворешните граници на Шенген зоната. Подготвени сме да ги оформуваме меѓународните полициски сили, подготвени сме нашите луѓе да служат во Унгарија, Италија и Грција и тоа е единствено решение, а не затворање на границите како што сакаат многу луѓе, рече Хованец.

Проблемот со бегалците денеска ќе го разгледуваат и земјите на Вишеградската четворка, В4 (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка) и ќе се обидат да најдат заедничка позиција која ќе ја претстават пред Европската унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски