Хоум Офисот ги прекори бизнисмените затоа што вработуваат странци

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Амбер Рад ги прекори домашните бизнисмени дека повеќе сакаат да вработуваат странци, отколку Британци.

Таа не објасни зашто домашниот бизнис им е наклонет на странските работници, но најави натамошно заострување на политиката во секторот на имиграцијата.

Хоум Офисот веќе подготвува закон со кој ќе се уредат построги услови за вработување мигранти, посебно околу тоа колку тие навистина се неопходни, како и дали нивното ангажирање „не им ја одзема работата на британскте работници“.

Шефицата на Хоум Офисот објасни дека ќе се воведат затворски казни за оние работодавачи кои примат на работа илегални мигранти без уредна дозвола за работа во Велика Британија.

Оваа мерка треба да ја замени досегашната казна, со која работодавачите беа само парично казнувани.

Затворска казна се предвидува и за оние кои издаваат станови на „илегалци“ и на лица без работна дозвола и регулиран престој во земјата.

И едната и другата мерка треба да го запрат напливот на мигранти во Велика Британија.

Работодавачите не само што сега ризикуваат затвор, туку се соочуваат и со обврска да објават колку странци се вработени во нивната компанија, што треба да претставува јавно прекорување што не ангажираат повеќе британски работници.

Заканата со затвор за станодавачите е со цел да се блокира останувањето на странците во Велика Британја, на заобиколен начин преку обезбедувањето стан.

Сегашните прописи предвидуваат дека доколку странец има адреса на која живее на британска територија, може да бара работа, преку која подоцна може полесно да го регулира својот статус.

Намерата на конзеративната Влада на премиерот Тереза Меј е драстично да се намали бројот на нето миграцијата на ниво од пред неколку децении, наместо сегашните рекордни 370 илјади за една година.

Прекорот до бизнисот, што го испорача Амбер Рад, на редовната есенска партиска конференција на владејачката Конзервативна партија, пак, претставува промоција на антиевропската и евроскептичната определба на британската десница, поставена зад паролата – британските работни места, за британските работници.

Таа парола сега е ставена во рамките на подготовките за Брегзит и за преговорите со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ, но и како предизборно ветување на ториевците упатено до лабуристичките гласачи и до работниците, кои се дистанцираат од лабуристичкиот лидер Џереми Корбин.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он