Хоум Офис отвора истрага за тврдењето за сексуално насилство врз деца во Вестминстер

Од:

Најмалку десетмина поранешни и сегашни британски политичари се соочуваат со можноста да бидат обвинети за сексуално заведување и обесчествување на деца, откако во домашната јавност се појавија тврдења за постоење на „педофилски круг“ кој го сочинувале луѓе на високи позиции во Вестминстер, а сето тоа било успешно прикривано со децении.

Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј го извести Парламентот дека Хоум Офисот покренува „сеопфатна истрага“ со која ќе раководи една независна комисија составена од правни ексерти, како и од експерти за детска заштита.

Случајот кој прераснува во скандал, што може да има политички последици врз актуелната влада, потекнува уште од раните осумдесети години на 20 век.

Целата работа се покрена откако еден пратеник на опозиционите лабуристи, јавно го повика тогашниот ториевски министер за внатрешни работи Леон Бритн, да каже што направаил како владин министер во тоа време, со документите и сознанијата за постоењето на „круг со педофили-моќници“ во британската политичка елита во државната администрација во Вестминстер.

Познато е дека тие документи се официјално примени во Министерството за внатрешни работи во Лондон, но кога во 2013 година е направена проверка на документацијата, утврдено е дека се исчезнати дури повеќе од 100 сознанија што би можеле да се користат како обвинителски докази. Станува збор за поранешни пратеници,владини функционери,па дури и министри, за кои сега се тврди дека „сите знаеле“ но молчеле и не преземале ништо тие луѓе да се соочат со формално обвинување и казнување за своите злосторства.

Поранешниот директорн на британската агенција за заштита на децата Питер Маквелви тврди дека „20 клучни политички личности“ се во тој круг на педофили, како и дека многу повеќе луѓе се виновни затоа што знаеле што се случувало,но ништо не сториле иако биле во позиција да реагираат.

Маквелви вели дека разговарал со жртвите, тогаш деца и речиси исклучиво малолетни момчиња,откривајќи дека тие биле „префралани од еден на друг од педофилите, како да се обично парче месо“ носени по станови и куќи, или по хотелски соби,каде биле изнасилувани.

– Некои од луѓето од педофилскиот круг веќе се умрени,но се уште има од нив кои може да бидат повикани на одговорност, вели Питер Маквелви кој за прв пат дада телевизиско интервју за овој случај по 20 години.

Британскиот премиер Дејвид Камерон порача дека детално ќе се испита сите сознанија и тврдења, како и расположивата документација, за да се утврди вистината.

– Нема едно камче да остане непрвртено, рече по тој повод Камерон.

Опозиционите медиуми, меѓутоа, бараат од него да покрене јавна истрага за скандалот со сексуалното насилство и со неговото прикривање.

„Дејли Мирор“ му порача на Камерон дека ако веќе покрена јавна истрага против весниците и новинарите, за да ги „жигоса“ сега е време таква истрага да отвори и за политичарите и нивното однесување и моралност.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он