Хомосексуалците во Чешка ќе можат да го посвојат детето на својот партнер

Од:

Хомосексуалците во Чешка наскоро ќе можат да посвојат дете, но само ако тоа дете е на нивниот регистриран истополов партнер, односно не се работи за класично посвојување од детските домови.

Оваа можност е предвидена со измените на Законот за регистрирано партнерство, со кој е регистрирана заедницата на истополови двојки.

– Доколку регистрираните двојки сакаат да воспитуваат дете, би требало да имаат можност легално и без страв да можат да се грижат за детето на својот партнер или за сопственото. Децата треба да растат во семејствата без разлика дали тие се хетеросексуални или хомосексуални, објаснува пратеничката Радка Максова, еден од предлагачите на измените.

Според законските измени, за посвојувањето ќе одлучува надлежен суд, а доколку детето има над 12 години треба да се согласи со посвојувањето.

Предлог-измените на Законот беа предложени и минатата година, но за него не се расправаше поради паѓањето на Владата и распуштањето на тогашниот Парламент.

Според јунските анкети на Центарот за испитување на јавното мислење (ЦВВМ), 58 проценти од Чесите сметаат дека членовите на геј или лезбејската популација би требало да имаат право да го посвојат детето на својот партнер или партнерка.

Помалку од половина анкетирани, 45 проценти сметаат дека хомосексуалните двојки треба да имаат право и на посвојување деца без родители од домовите.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица