Холокаустот никогаш да не се повтори, порачуваат преживеаните логораши

Од:

Преживеаните логораши денеска се собраа на местото на некогашниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау по повод одбележувањето на 70-годишнината од неговото ослободување, упатија апел до човештвото да не се дозволи злосторствата на Холокаустот некогаш да се повторат.

На свечениот собир присуствуваат 300 преживеани логораши и претставници на 40 официјални делегации.

Меѓу претставниците се претседателот на Полска Бронислав Коморовски, претседателите на Германија и на Франција Јоахим Гаук и Франсоа Оланд, американскиот министер за финансии Џек Лу, британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд и други.

– Наша должност е да се сеќаваме, поради нас самите и поради иднината, рече Коморовски.

Советските единици на 27 јануари 1945 година го ослободија логорскиот комплекс Аушвиц-Биркенау во кој се убиени најмалку 1,1 милиони луѓе, претежно Евреи.

Преживеаната логорашка Халина Биренбаум (1929) порача дека нејзина најголема должност е да „раскаже на другите колку луѓето во логорот сакале да живеат“.

– Го живеев сонот на мојата мајка да го видам поразот на мачителите, рече таа, осудувајќи го негирањето на Холокаустот и предупредувајќи дека антисемитизмот и натаму останува закана.

Истиот датум кога Црвената армија го ослободи Аушвиц-Биркенау, симбол на масовното страдање на луѓето, повеќето Евреи, во Втората светска војна, во светот се одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот, кој на 1 ноември 2005 година го утврди Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

А1он

Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Делегација на ОАЕ за прв пат ќе се приклучи на маршот на Холокаустот во Полска

А1он

Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

А1он