Холандскиот Парламент го одобри испраќањето на ракети „Патриот“ во Турција

Од:

Холандскиот Парламент го одобри испраќањето на ракетите „Патриот“ во Турција. Холандските пратеници доцна синоќа по осумчасовната седница со големо мнозинство го одобрија испраќањето на два ракетни комплекси „Патриот“.

Холандија во Турција ќе испрати и 360 војници. На 8 јануари се очекува од Холандија да тргне бродот, на кој ќе бидта натоварени ракетите.

Холандските ракети „Патриот“ ќе бидат распореднени во турскиот округ Адана, во јужна Турција. Војниците на оваа земја ќе останат во Турција во период од една година, а мисијата ќе чини 42 милиони евра.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на 4 декември го одобрија распоредувањето на ракети „Патриот“ во Турција, како одговор на барањето на Анкара со цел да се обезбеди заштита на националниот воздушен простор поради заканите и ризиците за националната безбедност, кои произлегуваат од кризата во Сирија.

САД ќе испратат два ракетни системи „Патриот“ и 400 војници во Турција. Германија исто така ќе испрати две ракети и 400 припадници на своите вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица