Холандскиот јавен сервис се извини откако прикажа одамна избришан стих од германската химна

Од:

Холандскиот јавен радиодифузен сервис (НПО) се извини денеска поради погрешниот текст што го објави при интонирањето на германската химна пред вчерашниот осминафинален натпревар од Европското првенство меѓу репрезентациите на Англија и Германија во Лондон.

Холандската телевизија за време на директниот пренос при титлувањето на зборовите од химната го објави стихот „Германија, Германија над сè“, кој е исфрлен од германската химна уште по крајот на Втората светска војна.

– Тој стих беше прикажан по грешка и им се извинуваме на гледачите, кои се најдоа повредени од нашата грешка, објави НПО на својот официјален Твитер профил.

Германската химна официјално се состои од три строфи, но од крајот на Втората светска војна се пее само третата строфа (Единство и право и слобода).

Првата, која ги содржи зборовите „Германија, Германија над сè на овој свет“, и втората строфа, не се интонираат на официјални настани од 1949 година.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче