Холандија му забрани слетување на авионот на Чавушоглу

Од:

Холандската Влада денеска ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу требаше да пристигне на митинг во Ротердам, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Ваквата своја одлука холандската Влада ја образложи со ставот дека стравува оти престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги „загрози јавниот ред и безбедност“.

Чавушоглу денеска најави дека ќе отпатува за Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

– Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата, изјави Чавушоглу.

Во врска со ваквата најава за „строги санкции“, холандската Влада оцени дека „овие закани го прават невозможно изнаоѓањето решение за проблемот,

Чавушоглу во Ротедрам требаше да се обрати на митинг на припадниците на турската заедница, организран од властите во Анкара со цел да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со што треба да се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.

Забраната на Берлин за учество на двајца турски министри на слични митинзи во Германија за поддршка на уставните измени, доведе до сериозно влошување на германско-турските односи.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица