Холандија го призна геноцидот врз Ерменците од 1915 година

Од:

Холандскиот парламент го одобри предлогот со кој се признава како геноцид масакрот над речиси 1,5 милион Ерменци во 1915 година. Овој потег беше поддржан од сите поголеми партии, но претставува ризик за понатамошно влошување на дипломатските односи меѓу Холандија и Турција, објавија светските агенции.

Односите меѓу двете земји се затегнати кога Холандија минатата година забрани на нејзина територија да се одржуваат митинзи по повод изборите во Турција.

Досега уште дестина други земји од ЕУ имаат донесено слични резолуции, потсетуваат агенциите. Турција, пак, остро негира дека овие убиства, кои се случиле на територијата на Отоманската Империја за време на Првата светска војна, може да бидат означени како геноцид.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени