Хјуман рајтс воч: Се повеќе семејства во Британија немаат доволно храна за живот

Од:

Британската Влада ги прекршува своите обврски според кои на семејствата треба да им обезбеди доволно храна за живот, се наведува во новиот извештај на Хјуман рајтс воч.

Според извештајот, намалувањата во социјалната помош на земјата поради штедење откако Конзервативната партија дојде на власт во 2010 година, довеле до тоа илјадници семејства со деца да немаат соодветна храна, јави Си-Ен-Ен.

Како резултат на тоа, семејства почнале се повеќе да се потпрат на хуманитарни организации.

– Велика Британија е петта по големина економија во светот, и навистина е неверојатно што во таа земја од година во година се поголем број семејства се гладни, изјави за Си-Ен-Ен, Картик Раж, истражувач на Организацијата за Западна Европа и автор на извештајот.

Раж рече дека британската Влада ја избегнувала сопствената одговорност кога станува збор за заштита на човековите права на храна.

Зависноста од хуманитарна помош е зголемена во текот на изминатите 10 години, а дистрибуцијата на пакети храна е зголемена за 5.146 проценти, се вели во извештајот, повикувајќи се на статистиката на Трасел Траст, најголемата британска добротворна организација која дели храна.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он