Хилари Клинтон размислува за трка за Белата куќа во 2016 година

Од:

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста да се кандидира за американски претседател на изборите во 2016 година, но наведе дека оваа „сериозна одлука нема да ја донесе толку лесно и брзо“.

– Ја разгледувам одлуката за кандидирање за претседател, но не брзам со неа, изјави Клинтон, додавајќи дека има уште време.

И покрај нејзината изјава, многумина нејзини соработници заклучуваат дека таа веќе е во кампања.

– Таа е во кампања, само што тоа  ште не го знае, рече еден анонимен извор близок до Хилари Клинтон.

– Јас сум прагматична и реална. Мислам дека знам со кој предизвик се соочуваат нашите лидери и ќе направам се, без разлика на која позиција ќе бидам, да се борам за вредностите и политиката за кои верувам дека се исправни за нашата земја, порача Клинтон.

Хилари Клинтон важи за главен фаворит за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас