Хилари Клинтон побара од Пелоси да се формира Комисија за утврдување на врските на Трамп со Путин

Од:

Поранешната американска државна секретарка и поранешна претседателска кандидатка, Хилари Клинтон, денеска соопшти дека разговарала со спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и дека со неа се согласиле за потребата од формирање специјално истражно тело за утврдување на врските на Доналд Трамп со Русија.

„Конгресот мора да формира истражно тело, како Комисијата за 11/09, за да се утврдат врските на Трамп со Путин, за да можеме да ја санираме штетата на нашата национална безбедност и да спречиме марионета никогаш повеќе да не застане на претседателската функција”, напиша Клинтон на Твитер.

Клинтон на својот подкаст на Твитер на Пелоси и кажала дека е заинтересирана да се објават снимките од телефонските разговори на Трамп за да види дали тој бил во контакт со Путин за време на немирите во Конгресот, на 6 јануари, пренесува Фокс Њуз.

„Би сакала да ги видам снимките од неговите телефонски разговори, да видам дали разговарал со Путин на денот кога бунтовниците го нападнаа нашиот Капитол“, напиша Клинтон.

Пелоси одговори дека ја поддржува таквата комисија и потсети дека и на претседателот Трамп му кажа дека „сите патишта му водат кон Путин“.

-Не знам што има Путин за него политички, финансиски или лично, но она што се случи беше подарок за Путин, бидејќи Путин сака да ја наруши демократијата во нашата земја и низ целиот свет, рече Пелоси, нарекувајќи ги учесниците во немирите „марионети на Путин“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд