Хилари Клинтон побара да се објават нејзините електронски пораки како државен секретар

Од:

Поранешниот американски државен секретар  и поранешна прва дама на САД Хилари Клинтон, го прекрши молкот во врска со полемиката дека својот личен и-мејл го користела за службена кореспонденција во времето кога била државен секретар, пренесоа британските меидуми.

Клинтон изјави дека сака Стејт департментот брзо да ја објави нејзината електронска кореспонденција од времето кога била првиот американски дипломат.

Меѓу другото, се верува дека приватните мејлови се помалку заштитени од хакерски напади, во однос на службените сервиси.

– Нејзините помошници не преземале ништо за електронската пошта да биде зачувана на серверите на Стејт департментот, тврди американскиот весник, додавајќи дека со тоа е прекршен федерален зако што бара комуникацијата на службениците задолжително да се чува на владини сервери.

Аналитичарите случајот го оценуваат како „алармантен“, нагласувајќи дека службените лица треба да користат приватни мејлови за службена комуникација само во итни случаи.

„Сакам луѓето да ги видат моите пораки“, напиша Клинтон на својот налог на Твитер.

За Клинтон се тврди дека во текот на април можно е да соопшти дека ќе се бори за претседателската номинација во Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас