Хилари Клинтон: И јас не им верувам на Иранците

Од:

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон изјави дека критичарите на договорот за иранската нуклеарна програма имаат „аргумент кој заслужува внимание“.

– Има луѓе од другата страна на овој спор, кои јас ги почитувам и кои многу јасно велат дека не можат да го поддржат договорот и го сметаат за грешка. Тие се убедени дека Иранците ќе измамат, истакна Клинтон.

Хилари смета дека „нивните аргументи заслужуваат внимание и треба да се видат какви се алтернативите“, додавајќи дека ниту таа „не им верува на Иранците“.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ