Хигсовиот бозон за седумгодишна возраст

Од:

Хигсовиот бозон го раздрма светот но проблемот е што речиси никој не разбира за што се работи. Затоа и најчестото барање е да се објасни ова откритие со обичен прост јазик. Поттикнат од овој проблем, уредникот на научниот блог на британскиот „Гардијан“ ги замолил своите соработници да му најдат приказна за Хигсовиот бозон која би му била јасна и на седумгодишно дете.

Од понудените, уредникот ја одбра следнава, а колку е сега поразбирливо проценете сами.

Некогаш одамна во некоја далечна земја живееле две раскарани семејства-Фермиони и Бозони. Фермионите беа познати по својот необичен танц со полувртење. Фермиони беа Електрони, Протони и Кваркови.

Бозоните меѓутоа кога танцуваа правеа цел круг и го презираа полукружното вртење. Се зборуваше дека Бозоните имаат одамна изгубено постар брат кој се викал Хигсов бозон, кого никој одамна го немал видено.

Еден ден во местото каде раскараните семејства живееа дојде еден стар и мудар човек Им рече дека расправијата околу полувртењето и целосното вртење треба да ја прекинат бидејќи некогаш сите биле исти и немале воопшто маса.

„ На почетокот на времето, кога е создадена Вселената , сите сте родени еднакви“, им рече старецот. Но тогаш влеговте во магично поле наречено хигсово поле, кое ве измени и ве направи различни, сите освен фотоните кои останаа како што беа.

Старецот им рече и дека ова мистериозно поле го создало Хигсовиот бозон-одамна изгубениот постар брат на Бозонови.

Семејствата одбиле да поверуваат во ваква глупост, па затоа старецот тргнал да го пронајде Хигсовиот бозон и да им докаже дека бил во право.

Во својот потфат за помош ги ЦЕРН.

 

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска