Хезболах: Убиен e лидерот Насрала, ние ја продолжуваме војната против Израел

Од:

Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот лидер и еден од основачите Сајед Хасан Насралах е убиен во израелски воздушен напад и најави дека ќе продолжи да се бори против Израел.

Во соопштението се наведува дека Насрала „се приклучил на своите маченички браќа“, пренесува АП.

Во соопштението, Хезболах вети дека „ќе ја продолжи светата војна против непријателот и ќе ја поддржи Палестина“.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, либанската телевизија Ал-Манар почна да емитува стихови од Куранот, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан