Хезболах се закани: Ќе се одмаздиме, дупло

Од:

Пратеникот на Хезболах Али Фајад денеска изјави дека либанската милитантна група ќе одговори со двојна мера на сите израелски напади врз цивили.

Предупредувањето дојде по нападот во кој загинаа три девојчиња на возраст од 10 до 14 години и нивната баба во јужен Либан.

Членот на Хезболах во либанскиот парламент изјави на погребот на четворицата цивили кои беа убиени во неделата во јужен Либан дека Хезболах се уште не ја покажал својата вистинска сила, пренесе Ројтерс.

Либанските власти објавија дека автомобилот во кој се наоѓало семејството бил погоден во израелски напад во неделата.

Израелската војска соопшти дека трупите гаѓале возило во Либан, кое било „идентификувано како можен транспорт за терористи“ и дека ги истражува извештаите дека возилото превезувало цивили.

Израел во понеделникот соопшти дека погодил цели на Хезболах во јужен Либан како одговор на големиот налет на ракети истрелани врз градовите во северен Израел. Во судирите долж израелско-либанската граница загинаа повеќе од 60 борци на Хезболах и 10 цивили, соопштија либанските власти.

Во исто време загинаа најмалку седум израелски војници и еден цивил.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел