Хезболах објави видео: Дрон погоди израелски тенк, војник се обиде да избега

Од:

Либанското движење Хезболах објави видео од напад со беспилотно летало врз израелски тенк, а на видеото може да се види дека пред директниот удар, припадник на израелската армија се обиде да избега од возилото.

Според Хезболах, нападот се случил во близина на градот Алма ал-Шааб, кој се наоѓа во јужен Либан.

Движењето ја објави снимката еден ден по нападот, додека судирите продолжуваат и покрај прекинот на огнот договорен на 16 април.

Сепак, прекинот на огнот најчесто го прекршуваат израелските сили, кои продолжија со бомбардирањето и копнените операции на југот на Либан.

Бејрут беше и цел на израелски напади, каде што цели згради беа уништени во бомбардирањата.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната