Хезболах објави снимка со мистериозна порака: Го чекаме петок

Од:

Либанското движење Хезболах објави кратко видео со порака „Го чекаме петок“, во кое го најавува говорот на лидерот на оваа организација Сејед Хасан Насралах.

Насралах треба да одржи телевизиски говор во петок, 3 ноември, на церемонијата во чест на „мачениците кои паднаа на патот кон Ал-Кудс“.

Обраќањето најверојатно ќе ја сигнализира и политичката стратегија што Хезболах ќе ја спроведува во иднина.

Постои шанса Насралах да прогласи ескалација на борбите на израелската граница за да се обиде да ги повлече израелските сили на север.
Во последните недели Хезболах води гранична војна со Израел, во која досега се убиени 47 борци на Хезболах и седум израелски војници.

Тековната погранична војна на Хезболах е дел од регионалната стратегија за симболични напади против Израел, поддржани од Иран, без да се предизвика масовна одмазда што може да го втурне регионот во општа војна.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници