Хезболах: Конфликтот со Израел ќе заврши кога ќе заврши војната во Газа

Од:

Водачот на милитантната група Хезболах во Либан, Саид Хасан Насралах денеска изјави дека израелското прекугранично гранатирање ќе заврши кога ќе заврши агресијата на Тел Авив врз Појасот Газа.

Насралах се закани дека ќе принуди повеќе жители на северен Израел да се преселат од областа и дека ако израелската армија ја прошири војната, Хезболах ќе возврати, пренесува Ал Џезира.

– Западните делегации кои го посетија Либан имаат една цел, да добијат безбедносни гаранции за Израел за да можат „100.000 доселеници“ да се вратат во своите домови, рече тој.

Насралах тврди дека делегациите не дејствуваат како посредници, туку ги презентираат предлозите на Израел и очекуваат Хезболах да ги прифати.

Се бараат гаранции од Хезболах, вели нивниот лидер, додека делегациите не дадат гаранции дека Израел ќе се повлече од граничните територии за кои тврди дека се окупирани.

Тој посочи дека Израел не е во позиција да наметнува услови, додека ситуацијата во Либан е спротивна.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа