Хезболах ја користи граѓанската војна во Сирија за да се подготви за војна со Израел

Од:

Вашингтон тајмс – Вашингтон

Копнените војски на Хезболах се посредник на Иран во борбата на исламската република да го засили шиитскиот режим на Асад со помош на Руската федерација. Терористичката организација зема активно учество во битките против борците на опозицијата против Асад, поддржани од САД. Хезболах доби огромно искуство на бојното поле во широкоопфатни, мобилни воени дејствија и демонстрира поголеми способности во споредба со тактиката на мали судири, во кои се специјализира во претходните конфликти против Израел во Либан.

Постојат сигнали дека Хезболах ја користи граѓанската војна за да се подготви за неизбежниот конфликт против еврејската држава. На прво место, овие претпоставки произлегуваат од фактот што Хезболах складира голем бој модерни оружја на Голанската висорамнина блиску до израелската граница.

-Слично како и други странски и локални учесици во конфликтот, и Хезболах ја користи гражанската војна во Сирија за да си ги подобри позициите во земјата и во регионот околу, истакнува американската консултантска компанија за светска безбедност Стратфор, во анализа од 6 април. Стратфор го потврди неодамнешните соопштенија дека Хезболах гради бази на Голан и во други делови од Јужна Сирија, каде располага со големи копнени сили кои го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, исто како и нејзиниот покровител Иран. Ако Асад успее да се задржи на власт, тој веројатно ќе реба да ја предаде контролата над Голан на Иран и Хезболах, за да му се заканат на Израел. Напорите на хезболах „да ја прошири и зацврсти својата контрола во Сирија во иднина само ќе ратсе, подвлекува Стратфор цитиран од агенцијата Ју-Пи-Ај.

Освен тоа, Русија му овозможи на Хезболах пристап до своите големи складови со ракетни фрлачи и оружја во Сирија во замена за разузнавачки информации собрани при копнените битки која ќе биде искористена за локализирање на цели при руските воздушни удари.

Иран продолжува да повикува за уништување на еврејската држава, приближувајќи се кон добивање на атомски способности кои беа забранети со нуклеарната „зделка“ потпишана од владата на Обама.

Водењето војна за Асад да остане на власт можеби е дел од долгорочниот план на Иран да ја исполни заклетвата да го уништи Израел и „да го избрише од картата“.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца