Милитантите на Хезболах истрелаа најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Засега нема извештаи за повредени во ракетните напади врз градот Мерон во Горна Галилеја.
Нападот изведен доцна синоќа следеше неколку часа по нападот на израелско беспилотно летало во кој наводно загинаа двајца оперативци на Хезболах, вклучително и еден висок командант, во градот Набати во јужен Либан.