Хезболах ги мобилизира своите членови во Либан поради евентуален напад на САД врз Сирија

Од:

Борците од либанското шиитско движење Хезболах, сојузник на режимот во Дамаск, се распоредени на тајни позиции во Либан, поради евентуалниот напад на САД врз Сирија, јави БТА.

Либанскиот весник „Акбар“, кој е близок до Хезболах и режимот на Башар ал Асад, пишува дека либанското движење ги повикало сите своите членови и борци да ги заземат своите позиции.

Жители од регионот на Тир изјавија дека во јужен Либан се спроведува сеопшта мобилизација. Според нив, повеќето млади од регионот, за кои се знае дека се членови на Хезболах, исчезнале од селата и градовите.

Во долината Бека, која исто така важи за упориште на Хезболах, според локалните жители, се случува истото. Таму борците на Хезболах „како да испариле“, особено припадниците на артилеријата, а нивните мобилни телефони се исклучени, со цел да не бидат локализирани.

Во јужните предградија на Бејрут, петнаесетгодишни Либанци ги замениле поискусните борци на Хезболах на пунктовите, на кои се претресуваат возила.

Портпаролот на Хезболах одби да ги коментира овие информации. Според професорот по социологија на Либанскиот универзитет, Вадах Шарара, кој е автор на книгата „Државата Хезболах“, либанското шиитско движење има 30 илјади борци, од кои десет илјади се мошне добро обучени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он