Хезболах бара да се смени судијата во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут

Од:

Лидерот на либанското екстремистичко движење Хезболах, Хасан Насралах ги повика властите да го сменат судијата кој ја истражува минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут.

Лидерот на Хезболах синоќа, во едночасовниот говор за кризата во земјата, речиси 15 минути ја критикуваше секоја одлука донесена од судијата Тарик Битар.

Судијата Тарик Битар во фервуари беше назначен да ја води истрагата откако беше сменет неговиот претходник, кој се соочи со слични обвинувања дека е неправеден кон поранешните службеници.

Насрала во неколку наврати остро го критикуваше судијата Битар и го обвини за политизирање на истрагата.

Судијата не одговори на критиките, како што тоа не го правеше претходно, и ја држеше истрагата во тајност.

Во август 2020 година, во складиште на пристаништето во Бејрут експлодираа речиси 3.000 тони амониум нитрат, високо експлозивен материјал што се користи за изработка на вештачко ѓубриво. Во страотната експлозија настрадаа најмалку 214 лица, а повеќе од 6.000 беа повредени, а беше предизвикана и голема штета.

Би можело да ве интересира

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Хамас ги надомести речиси сите загуби што му ги нанесе Израел, тврди Блинкен

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Хезболах се надева дека сириските власти нема да ги нормализираат односите со Израел

Хезболах: Настаните во Сирија се голема и опасна трансформација

Израел уби најмалку 11 лица во Либан