Хезболах: 12 лица загинаа во експлозии на пејџери во Либан

Од:

Хезболах денеска објави дека бројот на жртвите од експлозиите на пејџерите во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“, пренесува Танјуг.

Од октомври минатата година, израелските сили убиле 453 членови на Хезболах во вооружени судири, соопшти Хезболах.

Најмалку девет лица загинаа, а речиси 3.000 беа ранети во вторникот кога пејџерите користени од членовите на Хезболах експлодираа истовремено низ Либан.

Претходно, агенциите објавија дека во таа прилика загинале најмалку 11 лица, но либанските здравствени власти оттогаш објавија дека бројот на загинати е девет.

Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција рече дека во експлозиите загинале девет лица, а 2.750 луѓе се повредени, од кои околу 200 се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан