Хенкок: Британија вакцинира 200.000 луѓе дневно

Од:

Британија вакцинира 200.000 луѓе дневно против Ковид-19 и планира да ја засили имунизацијата на два милиона неделно, што е неопходно за да се заштитат најзагрозените лица до средината на февруари, изјави денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

– Во моментов, ние вакцинираме над 200.000 луѓе секој ден, изјави Хенкок за Скај Њуз.

Според него, околу една третина од лицата постари од 80 години се вакцинирани, така што е направен значителен напредок, но треба да се направи уште повеќе.

– Оваа недела ги отвораме центрите за масовна вакцинација, истакна Хенкок.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година