Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел вчера пристигна во посета на Анкара, со цел да разговара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за регионалната закана што ја претставува екстремистичката Исламска држава (ИД).
Тој нагласи дека Турција има ограничувања во однос на тоа што може да направи во борбата против екстремистите од ИД во Ирак, но дека Турција ќе има улога во регионалната кампања што се развива.
Хејгел, без да изнесува детали, истакна дека турските лидери се уште разгледуваат каква ќе биде улогата на земјата во борбата против ИД.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавошоглу, непосредно пред пристигнувањето на Хејгел, предупреди дека оружјето што Западот го испраќа во борбата против исламистичките екстремисти може да заврши во рацете на курдските бунтовници во Турција.