Божик во бело година ќе им се оствари како желба на сите оние кои претстојуваат на Хаваите, а метеоролозите за следните денови најавуваат и снежни виулици.
Националната метеоролошка служба најави дека се очекуваат дури 18 сантиметри снег. Снегот на планинските врвови на Хаваи не е невообичаена појава, но виулците и големата дебелина на снежната покривка веќе се изненадување, соопштија агенциите.
Поради снегот затворени се некои патишта на островот.
Американскиот претседател, Барак Обама со семејството традицонално Божикниот одмор го минува на Хаваите.