Харири бара од меѓународната заедница да ја смири ситуацијата со Израел и Хезболах

Од:

Либанскиот премиер Саад Харири денеска имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и со советник на францускиот претседател Емануел Макрон, апелирајќи на меѓународната заедница да ја смири ситуацијата меѓу Израел и Хезболах.

Екстремистите од Хезболах вчера истрелаа бараж противтенковски ракети врз територијата на Израел, што предизвика одговор од изралески артилериски оган во ретко видека рафална борба на непомирливите непријатели, пренесоа американските медиуми.

Иако пукањето брзо замре и немаше жртви ниту на една од страните, ситуацијата останува нестабилна.

Американската мировна мисија во јужен Либан, попозната како УНИФИЛ, соопшти дека е во контакт со сите страни и повика на воздржаност.

Портпаролката на ОН, Андреа Тененти, изјави дека „во ова подрачје мирот е вратен“, а американските мировни сили го оддржуваат своето присуство на теренот заедно со либанската армија.

Израелски официјални претставници наведоа дека нивните сили остануваат во состојба на зголемена борбена готовност.

-Наредив да бидеме подготвени за било какво сценарио. За следните чекрои ќе одлучиме според развојот на настаните, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници