Хант: Можеби ќе мора да се пролонгира Брегзит

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, призна дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе мора да се измени ако преговорите за разделување се одолговлечат до крајот на март.

Хант рече оти во моментов е тешко да се знае дали ќе се одолговлечат преговорите до последниот момент, можеби ќе биде неопходно „дополнително време“ да се усвојат законите.

Владата на премиерката Тереза Меј досега одбиваше да се изјасни за пролонгирање на Брегзит.

– Мислам дека е вистина дека, ако го завршиме усвојувањето на договорот неколку дена пред 29 март, ќе ни биде потребно дополнително време за изгласување на клучните закони, но ако можеме порано да оствариме напредок, тогаш тоа нема да биде потребно, посочи Хант.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ