Хамнеи: Земјите од Блискиот Исток повеќе нема да ги штитат американските бази

Од:

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи предупреди дека земјите од Блискиот Исток повеќе нема да служат како штит за американските воени бази во регионот. Неговата порака беше објавена по повод хаџот, годишното исламско поклонение во Мека во Саудиска Арабија.

– Нема враќање во старите времиња, а народите и земјите од регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка повеќе нема да има безбедно засолниште во регионот за интриги и воспоставување воени бази, рече Хамнеи.

Ова е една од ретките изјави на Хамнеи откако започна војната во која загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер. Според достапните извештаи, самиот Моџтаба Хамнеи бил повреден во нападите и оттогаш не се појавил во јавноста, зборувајќи само преку писмени изјави.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран