Хамнеи нема проблем умерените кандидати да се набркаат од иранскиот изборен процес

Од:

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ја поддржа дисквалификацијата на умерените и конзервативни кандидати за претседателските избори во јуни од страна на Советот на чувари, објави денеска државната телевизија.

Советот на чувари, кој ги проверува кандидатите, ја одобри кандидатурата на седум од 592 потенцијални кандидати, вклучувајќи го и тврдокорниот шеф на правосудството Ебрахим Раиси, истовремено исклучувајќи ги неговите ривали од трката за функцијата шеф на државата.

Официјалните анкети, вклучително и една спроведена од иранската државна телевизија во мај, покажуваат дека одѕивот на гласачите ќе изнесува само 30 проценти, значително помал отколку на последните избори.

Хамнеи ги повика граѓаните на Иран да излезат на гласање, што според многумина е тест за легитимноста на верските водачи на земјата во момент на зголемен гнев меѓу населението поради економските проблеми и ограничените политички слободи.

– Почитувана државо Иран, не обрнувајте внимание на оние кои велат дека изборите се бескорисни… Резултатот од изборите трае со години… Учествувајте на изборите, истакна врховниот ирански лидер.

Активистите повикуваат на бојкот на изборите со ознака #NoToIslamicRepublic (НЕзаИсламскаРепублика).

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана