Хамас со предупредување до Израел

Од:

Хамас го предупреди денеска Израел дека секоја ескалација на тензиите или војна ќе ги отвори вратите на пеколот.

– Ако окупаторите се впуштат во војна или во ескалација на насилството, тоа ќе ги отвори вратите на пеколот, изјави портпаролот на Хамас во Појасот Газа, Сами Абу Зухри.

Предупредувањето од Хамас уследи по изјавите на израелски претставници, кои го обвинија палестинското движење за смртта на тројцата израелски тинејџери.

Претходно израелските власти соопштија дека армијата денеска во близина на селото Халхул, Западен Брег ги пронајде телата на тројцата еврејски тинејџери, кои беа киднапирани на 12 јуни во близина на Хеброн.

По пронаоѓањето на телата свикан е итен состанок на потесниот состав на израелската Влада задолжен за безбедноста. Голем контингент израелски безбедносни сили се распоредени во Западниот Брег меѓу палестинското село Халхул и еврејската населба Кармеи Цур, источно од Хеброн.

Тинејџерите исчезнаа додека стопирале во подрачјето на еврејската населба Гуш Ецион на пат за дома врајќаќи се од настава во верско училиште.

По киднапирањето израелската армија покрена голема операција за пронаоѓање на тинејџерите.

Израел за киднапирањето го обвини Хамас, а уапсени се повеќе од 400 Палестинци, пред се активисти на Хамас.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас