Вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот.
„Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва – изјавија од бригадите Ал Касам.